Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Еве, со мало доцнење, да го прикажам и мојот аквариум. Најпрво, мал опис: Димензии: 61 х 27 х 34 (Д х Ш х В) Стакло: 5.5.1 (Ламинирано стакло 5мм + 0,38мм фолија + 5мм)* Литража (волумен): 55л Температура на водата: ~ 27-28 С Филтрација: Внатрешен филтер Shark (?!) Осветлување: 1 х Т5 13W (52см) Подлога: Кварцен песок (кавијар) Декорација: 1 х мангрован, 1 х брод, 1 поголем камен, помали каменчиња Растенија: 2 х Anubias nana, 1 х Cabomba aquatica, 5 х Амазонка (Echinodorus amazonicus?), 5 х Лимонка(?) со долги листови Риби: 15 х Неонка (Paracheirodon innesi), 3 х Ксифо (Xiphophorus helleri), 5 х Хокеарка или Пингвин тетра (Thayeria boehlkei), 2 х Ботиа (Botia macracantha), 1 х Botia striata, 5 х Rummy nose tetra (Hemigrammus rhodostomus), 4 х Зебри (Danio rerio), 2 х Колор тетра Третмани: Третман за вода Sera Aquatan, Макроелементи DajanaPet Plant Tabs, DajanaPet Plant Root, Микроелементи Sera Florena, Храна: Sera Vipagran, Sera Goldy Color Spirulina, Sera Tubifex, црвен дроб *За стаклото морав да идам со ламинирано, бидејќи ова ми е прв аквариум и се плашев малиот да се занесе многу во игра, па да не се „подели“ аквариумот на неколку помали . Со ова стакло, и да се удри, стаклото само се распукува (фолијата го држи ), не се крши на парчиња како обичното (или каленото), така да би имал време да реагирам за рибите да бидат преместени. А и комшијата под мене да не ме колне... А сега и сликите: [Login or Register][Login or Register][Login or Register][Login or Register][Login or Register][Login or Register][Login or Register][Login or Register][Login or Register][Login or Register][Login or Register]Не знам колку се гледа, но аквариумот е поставен на полица од шанк (шанк од осумдесетите ), така да идејата за истиот беше да може да се гледа и од напред и од позади. Иако сум почетник, знам дека ова е малку „tricky“ ама морав да пробам. И на крај ете го резултатот Како растеше желбата и интересирањето за аквариумот и се околу него, така постепено ставав по уште некое рипче и по уште некое растение. Знам, затоа и испадна вака се измешано. Е сега, планирам во скоро време да направам промени, па ако има некој нешто да предложи, сугестиите ќе бидат добредојдени. Имајте само на ум дека со простор сум ограничен, така да немам многу место за поголеми маневри. Единствено би можел да направам друг аквариум, каде што би можел да идам уште некои 5-6см во ширина т.е. аквариумот наместо 27см да биде ~ 32-33см.
禪
Author
Topic: Gjurik's aquarium (Read 2183 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|