Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Периодов барав регулатор за CO2 што најдобро ќе врши работа за аквариум па тоа што го научив заедно со прашањата што ги имам ќе ги пишам тука, можеби информациите ќе се корисни за некого во иднина. За аквариум најдобра варијанта како што читав е регулатор со две фази на редуцирање на притисокот "Two-stage pressure regulator" со напомена да не се помеша со регулатор со два манометри бидеќи не е исто. Таквите регулатори даваат најконстантен притисок. Таков не успеав да најдам кај нас, а и како што гледав на нет се прилично скапи. Значи останува едно фазен со тоа што препорачливо е да има и игличест вентил. Како што сватив јас кај нас имаме три решенија, или да најдеме регулатор за боци што се користат за заварување или да се најде регулатор што се користи за боци за точење пиво. Или да си купиме оригинал за аквариум, но за жал кај нас нема многу избор така да останува опција да порачаме од странство. Јас успеав да најдам неколку модели од тие за CO2 боци за заварување. Еден од нив е следниот, произведен е од компанијата GCE и ми изгледа како добар квалитет, но имам неколку прашања. Еве слика од регулаторот: [Login or Register]Како што се гледа од сликата, регулаторот има две места на подесување едното како што разбрав јас е за подесување на работниот притисок, а тоа помалото според мене е за подесување на излезниот проток, но не сум сигурен дали е игличест вентил, а на нивната страна немаше информација. Втората работа што ми е сомнителна е тоа што овие вентили се правени да работат со поголеми притисоци ( на овој модел како што прочитав пишуваше дека излезниот притисок му е од 10-16 бари, што не е малку. Прашањето ми е дали тоа е притисокот кој се подесува со поголемиот вентил па после со помалиот може да се намали за да добиеме проток што ќе ни одговара на нас или не? Ајде ако може поискусните нека кажат што мислат за ова или пак нека споделат некоја информација каде може да се најдат регулатори што ќе вршат работа и што да се запази кога се бира регулатор. Мислам дека сите информации ќе бидат корисни за следните што ќе бираат регулатори да имаат помалку главоболки Поздрав
禪
Author
Topic: Бирање на регулатор за CO2 (Read 3065 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|