Станува збор за саксиска земја. Секоја која има декларација и е блиску до потребите на една подлога за аквариум ќе ја заврши истата работа. Не станува овде збор за специјална акваристичка подлога па да кажеме дека оваа е најдобра и нема друга. Саксиска земја е саксиска земја и ако требала да оди во аквариум ќе пишувало на вреќичките дека е спремна за во акварум. Сега ние сакаме ефтино да истераме па се снаоѓаме. Ама кога се снаоѓаме - нетреба да забегуваме. Значи земи си некоја од хубо, меркур, електроелемент, бриколаж ќе ти заврши работа како и терамагма.
А за глината кога се употребува, треба да се направи во форма на топчиња, се пече во рерна и се става под коренот на растението. Глинени топчиња - испечени, имате во хубо маркет. Инаку место глинени топчиња има специјални апчиња и капсули кои се за во корен на растението и ги има кај Мики во продавница, не се скапи.