Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Овој е лек кој можете да го купите на рецепта и истиот долго време се користи во акваристички сврхи. Знаци малце за лекот: Лекот фунционира со инихибирање на систетизирање на протеини со што самиот се врзува за 23S rRNA на бактерискиот рибозом со што се блокира пептидниот ланец на микроорганизмите.
Лекот е од таканаречена палета широкоспектарни антибиотици и делува на грам позитивни и некои т.е фотосинтетични грам негативни бактерии. Тука ја наоѓа својата голема полза во акваристиката од причина што, нитрификационите бактерии се грам негативни и лекот не делува на истите. Сам по себе ова не е некој чудесен лек но во досегашната употреба(најдов записи од 88 година за користење во морска и слатководна) нема некои несакани ефекти.
Овој лек се користи за две категории на проблеми во аквариум,
1. за Плаво-зелени алги(кој можат да бидат по боја од црни до дреч плави) т.е за Целата група ЦИАНОБАКТЕРИИ, кој сами по себе се грам негативни но содржат хлорофил и самиот лек спречува фотозинтеза на истите.
2. За некои болести кои се наречени „симптоми“ тоест не се вистински болести(рибата е активна,јаде, сере), како што се, замаглени очи(симптоми на катаракта или поп-ај), темнеење на телото( симтоми на стрес, бубрежни болести), клатење (симптоми на гастроентестинални болести , пореметување меурот, дропси и сл.). Значи некои си пореметувања кој се јавуваат од непознати причинители или пак остаток од друга болест или лекувани до немај каде а пак надворешно манифестира симптоми(иако јаде и е активна). Лекот е делотворен за Неон тетра болест кој некој ја поистоветуваат со губење боја(посебно плава), Дискус туберколоза, значи некои тешки гадинки кои се предизвикани од грам позитивни бактерии. За првата група -Механички се чисти се што може да се исчисти од гадот кој везе теписи по подлога и стакло. Се менува вода со сифонирање и следниот ден се дозира вака.
1 ден 2.5 мг/Л 2ден 2.5 мг/Л 3 ден ништо (само некои повер филтер или нешто што би собрало мртвите бактерии т.е чаршафите од алга) најубаво е од почеток да се има површински скимер. 4 ден 50% менување вода со убаво чистење на подлога(сифонирање) и чистење на стакло, после 2 сата од менувањето се става 2.5мг/Л 5,6,7 се чисти убаво механичкиот дел од филтерот и не се менува вода освен ако не засмрди на алгата(самата циано има карактеристичен мирис). 8 ден 30% менување вода и 1мг/Л еритромицин и понатаму си продолжувате со нормален тек на менување вода(еднаш неделно или како веќе)
Кај мене 6 ден(пак ставив 2.5 мг на литар) за секој случај нели и се беше ОК
За Втората група Лекувањето е следното 250мг или 500мг на 80 литра вода(20 галона) на нашки би му дошло 6.25мг/Л т.е. од 3 до 6 мг/Л. Третман трае од 7-10 дена со секој ден 25% менување вода, значи пред да се стави лек 25% менување вода. Едини исклучот од оваа доза е кога се лекуваат бубрези, третманот трае 30 дена и се додава таблета витамин Б6 на секој 100 литра
Tekctot e na ADZI
禪
Author
Topic: ЕРИТРОМИЦИН (Read 10091 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|