Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Хиперманганот го употребуваме во различни сврхи. Се употребува за дезинфекција на растенија, опрема, риби, пред внес во нашите аквариуми. Обично дозирање е вака се става две-три зрнца во 20 литра вода и со благо љиљаков (розе) раствор се оставаат 5-10 мин.
Начинот за лечење со хиперман е малце поразличен и се совпаѓа со метода за брзо кристализирање на водата.
Начинот на кој јас досега сум лечел е следен: 10 грама хиперманган се растворува во 100мл вода. од тоа 1 капка се става на 1 литар вода вода (20 капки се 1 мл) и се остава 15-30 мин се дур водата не стане кафеава. Потоа се става иста количина 3% ХИДРОГЕН (купен од аптека за рани) за да се неутрализира хиперманганот, може и повеќе нема да има штета. Со ова може да настрадаат некои растенија со меки листови. Но пак затоа сите наслаги по стакло од алга и слуз, како и честици што пливаат по водата ќе исчезнат. А бидејќи и двата препарата се оксидатори ќе се појача функцијата на филтерот.
禪
Author
Topic: УПОТРЕБА НА ХИПЕРМАНГАН (Read 21998 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|