Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
После долга пауза, сватив дека неможам без местото каде што го поминував слободното време, каде што се релаксирав, местото кое што ја убиваше досадата и кое што ме смируваше после секоја нервозна ситуација. Последните месеци пред да зарежам се, ми се случи серија од капитулации во аквариумот, од кои што се разочарав... Прво се случи поморот на малавците кои ги растев од бебиња, потоа труењето на јатните риби од амонијак, и на крај пукањето на аквариумот. Но еве ме повторно со енда нова, посериозна идеја, во која вложував по малку време последните викенди, и еве ме повторно пред нов почеток. Конечно почнав да го реализирам стариот замислен проект. Бидејки сега сум пред нов почеток, ќе ми биде потребна вашата помош и идеи, воглавно за уредувањето на ентериерот на аквариумот. Но засега сум уште на почетокот, така да ќе има време да размислам што би можел да чувам во него. Поздрав до сите членови на форумот
禪
Author
Topic: I'm back :) (Read 1446 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|