collapse

* Prebaruvanje

* Posledni Postovi

UFO таканаречен аквариум :) by vladoma
[September 10, 2024, 12:26:54 PM]

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[December 08, 2023, 11:53:36 PM]

staklen pesok za akvariumi by p
[September 05, 2023, 11:48:43 PM]

The first post content
Здраво пријатели, би сакал да споделам едно искуство со вас :)
Се работи за болен дискус, први симптоми јави со тоа што се повлечи, не јадеше ништо,
се така околу 20-ина дена. Потоа го нападнаа бактерии, триста ми ти глупости, фунги и бог знае што,
тераше така уште 20-ина дена, дискусот беше буквално изгризан на заразените места со видливи рани, би рекол дупки. Цела ситуација се доведе на катастрофа по самата риба поради мое отсуство од дома, и мојата реакција беше со огромно задоцнување. Немав време за стандардни третмани,
па морав цела ситуација да ја фиксирам у рок од 24 часа, бити или не бити,
се одлучив екстремно да го лечам , и онака дискусот беше катастрофа, па му реков,
брате, овој третман ако го преживееш, тебе ни чекан не те убива :D

Најпрво слика од тоа како изгледаше оболениот дискус:

[Login or Register]

Сега, што направив...
Го извадив дискусот во кофа, температура константна 36!
Три екстремно солени купки, во 5 литри вода 3 големи лажици сол.
Го "купав" по 15 минути, меѓу купки одмараше во третирана вода со mycopur од Sera
исто по 15 минути исто 36 температура, со многу аерација. Откога завршив со купките
и mycopur, го оставив да земе душа еден саат во свежа вода со силна аерација.
Е, потоа му спремав у 10 литри вода флажил таблета од 400mg, пак силна аерација и пак
36 температура. Го оставив така точно 24 саати. Се зачудив како рибата го издржа ова
малтретирање, за време на солените купки паѓаше, дишењето и беше многу намалено,
но ете издржа  :dontknow: После 24 часовниот третман со флажил рибата ја вратив у аквариум,
и требаа некој си 15-ина минути за да сфати кај е, шо е. Сите траги од фунга ги немаше,
но дупките беа присутни. До вечерта рибата стана активна, пливаше, не се криеше како претходно.
Наредниот ден почна да јаде, а веќе за една недела пак е Алфа мужјак у аквариум и нема намера туку така да се откаже од својата круна.  :happy: Раните постепено зараснаа, но белези ќе останат.
Напоменувам, рибата беше запустена, заникаде, во животот немав видено дискус во полоша состојба,
моето отсуство од дома си го направи своето, и не ме карајте зошто сум дозволил ова да се деси  :embarrass: Третманот е стварно ригорозен, но бев решен, или ќе го биде или не, па земав се во свои раце и максимално експериментирав. Мојов рецепт можете да го пробате само во екстремни случаи, и се разбира на своја одговорност :)
 55655

Link

Author Topic: Екстремен третман на дискус  (Read 1154 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline Vlatkon

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Negotino
  • Age: 35
  • Posts: 1116
  • Activity:
    0%
  • Karma: 49
Екстремен третман на дискус
« on: February 26, 2013, 11:27:42 AM »

« Last Edit: February 26, 2013, 11:35:29 AM by Vlatkon »

Offline Ogi

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Oct 2010
  • Location: Kumanovo
  • Age: 38
  • Posts: 1765
  • Activity:
    0%
  • Karma: 85
Одг: Екстремен третман на дискус
« Reply #1 on: February 26, 2013, 11:42:51 AM »
 560855
Comming soon :)

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 49
  • Posts: 7401
  • Activity:
    0%
  • Country: 00
  • Karma: 162
    • LID
Одг: Екстремен третман на дискус
« Reply #2 on: February 26, 2013, 11:52:00 AM »
Доказ дека е една од најиздржливите риби.
 560855 за споделеното искуство.

Offline ancistrus

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Jan 2012
  • Location: Kavadarci
  • Age: 34
  • Posts: 425
  • Activity:
    0%
  • Karma: 18
Одг: Екстремен третман на дискус
« Reply #3 on: February 26, 2013, 11:57:52 AM »
Bravo Vlatko.Alal da ti e sto si go izlecil. od slikata se gleda deka diskusot bil mnogu bolen no ete imal vek i ostanal ziv .jas so via mojot maki macam .Eve go treta den mu e so flagil i temp na 31 i celo vrme isfrla bel sluznikav izmet i ne jade .uste dva dena ce go cuvam vo flagil i posle ke go stavam vo gorka sol .Ako i od solta ne pocne da jade , ke go primenam ovoj ekstremen tretman pa so ke bide neka bide. Neznam dali si zabelezal , no sekogas se razboluva naj ubavata edinka koja ja cuvame vo nasite akvariumi i opsto vo nasite domovi. kaj mene lepotanot se razboli .Neznam dali mi go urocija ili pisano mu bilo :D :D vo mojot slucaj se raboti za red alanqer diskus :D :D

Offline AFROMAN

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: May 2010
  • Location: Strumica
  • Age: 26
  • Posts: 1687
  • Activity:
    0%
  • Karma: 58
Одг: Екстремен третман на дискус
« Reply #4 on: February 26, 2013, 12:06:06 PM »
Браво Влатко  560855
Lose yourself in nature and find peace.

Offline Vlatkon

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Negotino
  • Age: 35
  • Posts: 1116
  • Activity:
    0%
  • Karma: 49
Одг: Екстремен третман на дискус
« Reply #5 on: February 26, 2013, 12:28:32 PM »
Ви благодарам  :notworthy:
Факт е дека дискусот е магаре!
Никоја риба неможе да живее со маките на еден дискус!
Јас би рекол, колку што е осетлива, три пати повеќе е издржлива една дискус единка  :happy:
Аце, така ти се погодило со најубавата риба, а можно е и црна магија некој да и фрлил  :laugh:
Многу ти е мек третманот, јас би качил барем 33 температура  :icon_thumright:
Прави му и појаки солени купки, држи го по 10-ина минути, може да вози :)
Што е најважно на секој би му препорачал да третира у што помала количина на вода
и да не се плаши од предозирање на флажил, барем во мојот случај кога стоеше
рибата у флажил се понашаше најнормално, незнам за искуства од другите членови,
али јас би препорачал помалку вода во повеќе флажил за помалку време.  :icon_thumright:
Можеби некои нема да се согласат со моево, али мене ми беше од голем бенефит.
Сум заборавил да напишам, секој чекор од горенаведениот третман е правен во нова вода, нова сол, нов лек... Многу лиги и гнасотилоци испаѓаа во секоја купка  58805 А и да не би испаѓало ништо, убаво е секој чекор да се прави во нова вода. Дискусот како што кажав е жив и здрав, боја никад боља :)
Ќе постирам и пост-операциона слика за викендов. Работава ми ја сведи на минимум дружбата со стоката  aha

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 50
  • Posts: 11195
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
Одг: Екстремен третман на дискус
« Reply #6 on: February 26, 2013, 02:07:39 PM »
 560855 DR

Tags:
 
Users Online Users Online (15)
Members Google (6)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2024, SimplePortal