Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Еве го и мојот аквариум, подетално: ______________________________________________________ - Димензии(Големина на аквариумот, и дебелина на стаклото): димензии 54X22X38 cm., дебелина на стаклото - 6 mm.
- Литража(Волумен): 37 литри
- Карактеристики на водата(Температура, pH, kH, gH): 25-27 C., pH, kH и gH не сум мерел.
- Филтрација: Филтер Атман At f-101 со проток 500 л/ч и Воздушна пумпа SA900 2.5W со притисок 0,018 MPa
- Осветлување: немам се уште, за жал
- Подлога: речна песок, убаво прочистена + 15тина поголеми речни камења кои го прекриваат распрскувачот на воздушната пумпа
- Декорација: позадина - Постер со тревки и карпи на кој доминира зелената боја, имам желба да ставам и парче дрво (знам дека е потребно мангрово дрво, лоза или трендафил, претходно подготвено)
- Растенија: имам само 4 коренчиња житарка (не знам кој е латинскиот назив)
- Риби:
- 4 гупи (Poecilia reticulata) - 1 мажјак и 3 женки
- 2 моли (Poecilia latipinna) - Sailfin Molly и Black Molly - по грешка испаднаа двата мажјаци
- 2 плати (ксифо) (Xiphophorus maculatus) - мажјак и женка
- 2 арлекин разбора (Trigonostigma heteromorpha)
- 2 кардинал тетри (Paracheirodon axelrodi)
- 2 сини тетри (Knodus borki) или император тетри со сина боја, се уште не сум сигурен
- 1 коридорас (Corydoras geoffroy)
- Останато: - Греач Shark H-229 25W
____________________________________________________________ Штом бидам во можност, ќе постирам и слика. Се надевам доволно беше!
禪
Pages: 1 2 3 4 5 » Go Down
Author
Topic: Zlatikevichius аквариум (Read 9928 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|