Поздрав до сите членови на форумот.
Со акваристика сум уште од мали нозе, но од 2007год па наваму сам ја терам оваа зараза. Имам чувано се и свашта, моментално чувам дискуси.
Аквариумот е со димензии 85x40x50, 170l, во него имам 4 тиркис дискуси и нешто друга споредна риба. Знам дека е мал за толку дискуси но во моментов не можам да правам поголем аквариум така да го празнам од споредната риба со цел дискусите да имаат поголем простор. Од растенија немам многу, само Vallisneria gigantea еден корен и амазонка исто така еден корен со цел за понатамошно затревување.
Од опрема користам надворешен стаклен филте 30l со две комори и глава која ја враќа водата на спротивната страна со 700l/h, 300w грејач со сензор, осветлување: неонка day-light 60cm, штедлива сијалица 40w и три реда диоди лента, пумпа за воздух RESUN со два излеза.
Слики ќе постирам покасно кога ќе најдам подобар апарат бидејки со мобилниов се катастрова.