Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
После веќе 2 недели истражување на овој форум можам да кажам дека навистина има квалитетни ентузиасти и хобиисти со професионални идеи и заложби како и големо познавање на водните миленици. Планот е следен: Да се почни наново со комплетно празнење на постоечкиот аквариум и почнување од почеток! Презервација на рибите кои се во аквариумот Соодветно редење на подлога (substrate) Набавка на растенија и треви (фантастичен и инспиративен е аквариумот на ViktorD - Mighty Mountains) Сортирање на кои риби припаѓаат во овој аквариум кои не (можеби комплетно отстранување на дел од нив и сортирање на тие кои се компитабилни) И нормално прогрес дел по дел на проектот како ке се развива Проблемот започнува веднаш, но прво ресурис со кои располагам: Голема кугла од околу 8 литри Помала кугла од околу 5 литри Помал аквариум 50 х 35 х 35 отприлика (скршен беше од пријател мој па на сервис е утре треба да го земам) Барам Ваша препорака кои риби во кое од горните кугли/аквариум да ги ставам за време на средувањето на аквариумот (ако треба некои комплетно да ги нема кои би биле тие. Риби кои треба да се префрлат се: 1 x Acanthophtalmus kuhli-Kuli Kuli 4 x Pterophyllum scalare (skalari) 1 x koridoras 2 x Danio rerio (zebra) 2 x Ancistrus spp 1 x Lici na Pangasius hypophthalmus(можно е да е Arius Jordani ili Columbian shark kako ajkulce ali nemozam da ja najdam vo niedna lista) 1 x Apteronotus albifrons (Black knife) 3 x Carassius auratus (karasi) 2 x Poecilia latipinna (Molly) 1 x Betta Вака изгледа како да си во продавница за риби но тоа е тоа , важно е да се признае дека има проблем за да може да се продолжи кон негово решавање. Навистина имам љубов према Apteronotus albifrons навистина убава риба па зависи што од овие би предложиле да оди со него.
禪
Author
Topic: Обновување на постоечки аквариум (Read 6642 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|