Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Здраво на сите. Долго време сум чувал аквариум, но никогаш не сум бил задлабочен во акваристиката. Сега ќе правам нов аквариум, но сакам да чувам онака како што треба и имам голема желба да успеам во тоа и да имам аквариум што навистина ќе биде природен. Не можам да го почнам новиот аквариум без ваша помош. Овие денови доста читам по интернет, а денес го прегледав целиот овој форум Значи, за почеток сакам да имам слатководен аквариум, но не сум одлучил што риби сакам внатре, но би сакал нешто како моли, ксифофорус, гупи, барбуси, нормално чистачи..такво нешто, можеби и по некоја зебра. Овие риби ги сакам за почеток пошто се поедноставни за чување, а исто и сакам лесно да се дојдам до мрест на риби, затоа нарачав и карантин аквариум кои ќе биде специјално за мрестење, лечење и навикнување на нови риби. Планирам да ставам канистер и со него да се чисти водата во аквариумот. Од Aqua Shop во Штип ќе земам повеќе растенија, нормално природни и се друго од потребната опрема. Заборавив да напоменам аквариумот ми е 58 литри, а утре треба да го земам од стакларата. Е сега, имам проблем со песокот, не знам каков да земам. Имам јас песок од претходниот аквариум со дебелина 2 или 3,но не ми се свиѓа бојата. Исто и за тестерите за ph, нитрити, нитрати, амонијак..на многу форуми се зборува за нив, а никаде нема јасно напоменато од каде им се какви колку пари и така натаму. А, кога ќе го почнам аквариумот сакам да ги имам сите тие тестери се со цел да тестирам водата пред да ги ставам рибите. Многу ќе би бидам благодарен доколку ми помогнете Нормално ќе ставам слики од сите фази на процесот на форумот се со цел да бидам од помош и на другите што создаваат нови аквариуми.
禪
Pages: 1 2 3 4 5 » Go Down
Author
Topic: Правам нов аквариум (Read 10029 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|