Нова раса на мачки што повеќе наликуваат на митски суштества отколку на миленичиња деновиве го има целото внимание на јавноста.
Расата наречена „Lykoi“ името го добила од грчкиот збор „Lykos“ што значи волк, а таа и навистина изгледа како минијатурен волк. Има пепеласто сиво крзно и големи очи со златна боја. Една од највпечатливите карактеристики ѝ е немањето влакна околу очите, носот, ушите и устата, а настанала со мутација на домашни кратковлакнести мачки во Тенеси.
За настанувањето на оваа раса на мачки одговорни се ветеринарите Џони и Бритни Гобл, Првиот примерок на мачката волк е добиен во јули 2010 година, но интересот за оваа раса започна од неодамна, кога фотографиии од необичната мачка се појавија на интернет.
Овие мачки се вбројуваат во малите видови и достигнуваат тежина до 3 килограми. Велат дека имаат карактер на ловечко куче, а според изгледот идеални се за во сцени на хорор филмови. Тие се многу енергични, љуобпитни и сакаат многу да си играат.
Овие мачки се недоверливи кон непознатите, а под нивниот грд „оклоп“ се крие едно многу мило суштество кое сака да се гали и да биде сакано.
Расата се уште не е официјално призната. Во моментот се работи на добивање на стандардите и статусот на експерименталните раси од меѓународната асоцијација „TICA“.