Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Здраво, јас сум Оки од Куманово и ми треба Ваш совет за да пренаменам на аквариум од malawi во општествен low tech аквариум со ситна јатна риба и неколку тревки.
Димензии на аквариумот се: -должина 60 цм -ширина 35 см -висина 45 цм -дебелина на стакло 6 мм Филтрација: -топ филтер со димензии 44 цм х 10 цм х 10 цм нареден со 3 слоја (2 слоја филц - филтер вата, керамички прстења, сунѓер со дебелина од 4-5 цм) Опрема -грејач 100 w -пумпа за вода ATMAN - AT - 2219 F со макс. проток 600 l/h -пумпа за воздух RS -610 -Осветлување -2 неонки од по 60 цм - (мислам дека се T 8 од по 18W ама не сум сигурен) DYV капак од иверка
Во аквариумот имам пресуван стиропор од 2 цм а над него слој од 3-4 цм бел кварцен песок со гранулација од 2 мм од стаклара Скопје, имам аква скејп како за malawi аквариум со 8-9 сиви карпи и имам залепено мат црн хамер како позадина.
Прашањето до поискусните акваристи е што се треба да сменам во постоечкиот аквариум за да почнам да чувам мешовити риби (уште се немам одлучено што конкретно ама размислувам за ситни јатни риби најверојатно неонки во комбинација со 2 анцитруса, 3-4 муљаши, 1 бета борец, 2 ајкули) и да ставам 3-4 вида тревки.
禪
Author
Topic: Prenamena na malawi aq vo aq so mesoviti ribi (Read 2870 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|